ВОНРЕДНО: Фокус го објави името на скопјанецот кој се поврзува со убиството на Вања

Скопјанецот Љ. П. го поврзуваат со киднапирањето и убиството на младата скопјанка, Вања Ѓорчевска, дознава Фокус.

Според информациите, тој е надвор од Македонија. Дел од информациите велат дека пред неколку дена се упатил кон Турција.

Засега неофицијалните информации се дека Љ.П. имал контакти со останатите осомничени во групата, а токму тие го посочиле него кога биле приведени.

Љ.П., е јавно експонирана личност во земјава, пред се во главниот град.

Трите лица кои што се уапсени се уште се на распит, па се очекува да бидат спроведени во Кривичниот суд.

Она за што засега нема официјална потврда е дека целта на киднапирањето на Вања Ѓорчевска била изнуда, а вмешан бил и член на потесното семејство кој учствувал во изнудата, брифираат извори.

Подетални информации прочитајте на ФОКУС.

Извор: Фокус

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде