Бубевски за причината за грабнувањето на Вања: Проверуваме дали средства од стан што го продала мајката се мотив   

Откога двајца од осомничените кажале дека информациите за времето и местото кога убиената Вања ќе излезе сама од дома ги добиле од таткото, истрагата се насочила кон него.

Обвинителот Гаврил Бубевски вели дека истражуваат дали мотив за грабнувањето на Вања биле средства од стан кој мајката го продала.

„Сега истрагата се насочува во тој правец, сите аспекти кои претходно постоеле, ако постоеле.

Доколку имаме сознанија дека има од страна на мајката продаден некој стан, за кој што сметаме дека средствата од тој стан биле некаков мотив кој што би требало да биде предмет на истрага, ќе провериме.

Сите овие работи ќе ги провериме во текот на постапката“, рече обвинителот Бубевски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски извести дека и таткото на убиената Вања Ѓурчевска е приведен, извршен му е распит и понатака се ќе се преземаат мерки.

Првиедени се уште тројца од организираната група, а организаторот избегал прво во Белград, а потоа во Бугарија и по него ќе се распише меѓународна потерница.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде