Да се згрозиш: Еве што правел таткото на Вања на денот на убиството

На Александар Ѓорчевски, таткото на киднапираната и убиената Вања (14), му е одреден 48-часовен притвор.

Претходно, на прес-конференција, министерот Оливер Спасовски посочи дека тој негирал вмешаност во случајот.

Но, според исказите на тројцата обвинети, тој ги доставувал информациите за времето и местото кога Вања ќе биде сама, а со цел таа да биде киднапирана, а потоа од нејзината мајка да се бараат пари.

Малата Вања беше киднапирана на 27 ноември околу 7.20 часот, кога излегла од дома за да оди на училиште.

Оваа информација наводно на киднаперите им ја дал нејзиниот татко, кој иако не живеел со мајката на Вања и нејзината сестра, имал клуч од станот и постојано бил со семејството, како што откри самата мајка за „Скопје1.мк“ додека потрагата по нејзината ќерка се уште траеше, пишува порталот „Гламур“.

Редакцијата на порталот „Скопје“ 1 ја контактираше мајката Зорица и тоа на денот на исчезнувањето на Вања, која тогаш посочи дека нејзиниот поранешен сопруг има клуч од нивниот стан и покрај тоа што се разведени и дека немаат нарушени односи.

„Еве, секој ден е тука, има клуч од станот. Двајцата сме ориентирани на децата, немаме никакви нарушени однос. Еве го, тука е, до мене“, изјави мајката на Вања вечерта во понеделникот, околу 20.00 часот, неколку часа откако била убиена нејзината ќерка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде