Тројца осомничени утринава околу 4 часот завршија во истражниот затвор во Шутка под сомнение дека се вмешани во грабнувањето и
убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, потврди рано утрово за Канал 5 директорот на затворот, Филип Андов.
Мерката која им е изречена е притвор од 48-часа. За таткото на Вања засега нема изречено мерка за обезбедување на присуство во текот на истрагата, а по едно лице се трага.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје,
Гаврил Бубевски денеска во 09:30 часот ќе одржат прес-конференција на која ќе информираат за убиството на 14-годишнината Вања Ѓорчевска.