Се огласи адвокатот на Палевски: Ме замоли да го однесам во Белград на преглед не знаев ништо за убиствата

Адвокатот на осомничениот Љупчо Палевски, Васко Стојков во изјава за Телма објаснува зошто бил со него кога тој избегал од државата.

Според него, тој го одбел Палевски во Белград на преглед затоа што немал возило и не знаел дека токму тој е одговорен за убиства на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

„Ме замоли да го однесам во Беград бидејќи немал возило а не можел да обезбеди нотар да му се преведе воозилото.

Јас врска немав за оваа работа. Знам дека требаше да оди во Белград кажуваше дека закажал прегледи. Ако е така, му реков, ќе те однесам.

Не знаев за овие работи. Јас се вратив во Скопје, тој остана затоа што требаше да им преглед другиот ден и рече ако ако е се во ред ќе се врати назад.

Ако не е во ред рече ќе одел во Истанбул. Кога се вратив полицијата правеше претреси ме прашаа и тогаш им кажав“, вели адвокатот Стојков.

Откако разбрал за што е осомничен, Стојков му пратил порака да се врати и да даде исказ затоа што станува збор за сериозна работа.

Дали и каков одговор добил не сакаше да открие и рече дека се кажал во полиција, но од тогаш повеќе нема контакт со Палевски, кому освен што му бил адвокат во одредени случаи биле и пријатели.

Стојков објаснува дека имал добра намера да му помогне и после се се чувствува злоупотребено.

„Јас сум адвокат и ако сум знаел било што сигурно немаше да го носам“, рече Стојков во телефоснкиот разговор за Телма

Извор: Телма

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде