Тројца осомничени ноќеска завршија во Истражниот затвор во Шутка под сомнение дека се вмешани во грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, потврди рано утрово за МКД.мк директорот на затворот, Филип Андов.
Мерката која им е изречена е притвор од 48-часа. Како што дознаваме, станува збор за осомничените Велибор Маневски, Влатко Кешишов и Боре Видевски.
За таткото на Вања засега нема изречено мерка за обезбедување на присуство во текот на истрагата.
Скопјанецот Љупчо Палевски Палчо неофицијално е поврзан со киднапирањето и убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и тој е надвор од државата. Неофоцијално се наоѓа во Турција.
Maкедонската јавност е згрозена, а доцна синоќа се огласи и Стефан Лазаров:
Ако е точно дека знаеле за Вања, а се криело со денови поради самитот на ОБСЕ, не знам веќе што бараме во оваа држава, не знам веќе ни зошто постоиме како народ!!!
Деца имате дома бе, дали остана еден нормален помеѓу вас!?!?!?!?
ГРОЗНО!!