ВИДЕО Таткото на Вања донесен во Кривичен суд

Таткото на Вања Ѓорчевска предмалку е спроведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје. 

Тој синоќа беше на распит во полициска станица.

Главниот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, Габрил Бубевски рече дека посредните докази укажуваат дека организаторите

ги добиле информациите од нејзиниот татко за тоа кога девојчето ќе излезе од дома.

Таткото е осомничен дека ги дал информациите за времето и местото кога Вања ќе биде сама, а со цел киднапирање и потоа барање пари од мајката.

Но, како што кажа министерот Оливер Спасовски, работите излегле од контрола, па организаторот и првоосомничен Љупчо Палевски-Палчо со пиштол ја затрелал и убил Вања.

Пред да биде осомничен, таткото Александар го пријави исчезнувањето на Вања и учествуваше во истрагата за нејзино пронаоѓање.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде