Фејсбук пост на Јорданка Ивановска Јоци:
Добро, овој Гаврил Бубевски се слуша? Го убиле велешанецот за долг од 500 евра, а и за да му ја земат колата за да го извршат другото злоделa!?, кажа сто пати на пресот.
Вака мисли да го гради овој грозоморен случај и да ги поврзува двете убиства или сака да му падне уште пред да почне?
Очито не кажале сé приведените, а тој не ги склопил коцките пред да се појави пред јавноста.
Како да не можеле да возат било која крнтија, и тоа ,,чиста” кола, а не возило на исчезнат кое полицијата може да го бара и да го сопре во тие пет дена до убиството на Вања.
ХРОНОЛОГИЈА НА ОРГАНИЗИРАНИ ЗЛОСТОРИ
▪︎ Го убиваат Панче Жежовски, му ја земаат колата ,,цитроен”, ја чувале 5 дена и со неа ја киднапираат Вања – во влез, во вреќа за спиење. Врзана за раце и нозе.
[Не фатив дали некој новинар праша како е ставена во вреќа, дали била онеспособена во влезот]
▪︎ Пред ,,цитроенот” каде Вања е ставена во гепек, како ,,чистач” на патот се движи ,,рено канго”, сопственост на еден од петте осомничени, кој пак е пуштен, бидејќи според МВР – немал инволвираност!?
▪︎ За таткото, за кој притворените кажале дека тој го споделил инфото со убиецот Љ.#Палевски, клучни информации кога ќе оди на училиште, сама, без сестрата – нема уште материјални докази.