Фејсбук пост на Јорданка Ивановска Јоци кој го пренесуваме во целост:
Како што објавија медиуми, а вчера и Миленко, дедото на покојната Вања Ѓорчевска, [по мајка] бил покојниот #Ванчо#Лазаров, директор на Царина во периодот 2002-2006, во владата на Б.Црвенковски, Х.Костов и В.Бучковски.
Дедо и` е дел од т.н ,,влашко лоби”. Близок и до Штерјо Наков, ,,Фершпед”.
Она што го објавија луѓе на Твитер, а особено е морничаво е поклопување на датумите – 27 ноември.
▪︎Дедо и` е претепан на 27 ноември 2002 од братот на #Филип#Петровски кој бил вработен од Даравелски како цариник [ види фото, весник Вест], а ▪︎ Вања е киднапирана и убиена на 27 ноември, 2023.
Претепувањето се случува откако Лазаров откри матни зделки на екс директорот, Д.Даравелски.
Во 2023, Филип Петровски и Палевски се конектирани на политичко ниво, заедно протестираа против смена на името во рамки на ,,Бојкотирам”, а и гостуваа во исти емисии на нет како водители и ководители.
Овие нови податоци говорат дека покојниот дедо имал релации со Палевски уште пред две и пол децении. Имено и од него го купува станот на ултра атрактивната локација на ул.Н.Н.Борче [спроти фонтана] каде Палевски ја изградил првата зграда. И имено каде станови купија исклучително имотни луѓе.
Палевски продаваше тогаш станови за околу 1.800 марки по квадрат. Ако не и повеќе.
По падот на владата, дедото станува советник во ,,Макпетрол”.
Лазаров на директорско место во Царина доаѓа како кадар на СДСМ, во време кога и Љ.П.Палчо имено е претседател на Градската организација на СДСМ и е во зенитот на својата моќ како медиумски магнат и градежен тајкун.
Денеска дознав дека во тоа време, канцелариите на Палевски т.е на неговата фирма и на Градската организација на СДСМ биле токму на поткровјето во истата зграда каде живееле мајката и Вања.
До својата смрт, во тој стан живееле родителите на мајката.
Тоа значи дека дедото Ванчо Лазаров и Палевски биле долго време соседи во истата зграда.
И Палевски и тоа како ја знаел одлично малата Вања, внуката на Ванчо.
Мое мислење е дека не може да биде никаква случајност. Од милион згради во Скопје, Палевски и неговата криминална секта киднапираат и убиваат дете кое живее во зграда, која токму неговата фирма ја градела и каде имал блиски релации по партиска, но и финансиска линија со дедото.
Мое мислење е дека киднапирањето, најверојатно со цел некаква изнуда, закана и уцена, лукративни причини, не е поради продадениот стан на др.локација, напротив токму за овој, на Н.Н.Борче.
Егзекуцијата на Вања сé повеќе личи и на некаква лична одмазда од психопатот и садист со длабоки удбашки конекции, Палевски.