30 ноември, ден четврток. Скопје е блокирано заради безбедноста на министрите на ОБСЕ, а контровезниот градежник првосомничен за две убиства Палчо ја напушта Македонија и влегува во соседна Србија, со намера да стигне до Минск и Белорусија, објавува Алфа телевизија.
Го возел битолскиот адвокат Васко Стојков, наводно го носел на лекар. Така потврди адвокатот, а и МВР.
Неофицијално извори за Алфа откриваат дека Палчо имал план и авионска карта за Минск, метрополата на проруска Белорусија. Наместо на лекар, наводно авионската траса на Палчо е Белград Истанбул, Истанбул Минск.
Извор познат на редакцијата:
Палчо имал карта за Минск, па наводното лекување Белград Истанбул всушност се аеродромите од каде тој треба да стигне до Минск.
Тој имал работа во Минск поврзана со партијата и го планирал патувањето. Ова го знаат и луѓето блиски до него.
За официјална потврда во колку часот и на кој граничен премин Палчо ја напушта земјава, од Министерството за внатрешни, молк. Велат истрагата е во тек и во нареден период нема да објавуваат никакви детали.
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Извор: Алфа телевизија