Алфа открива во која држава е убиецот Палчо – преку Белград со авион летнал за Истанбул, но само за да смени авион…

30 ноември, ден четврток. Скопје е блокирано заради безбедноста на министрите на ОБСЕ, а контровезниот градежник првосомничен за две убиства Палчо ја напушта Македонија и влегува во соседна Србија, со намера да стигне до Минск и Белорусија, објавува Алфа телевизија.

Го возел битолскиот адвокат Васко Стојков, наводно го носел на лекар. Така потврди адвокатот, а и МВР.

Неофицијално извори за Алфа откриваат дека Палчо имал план и авионска карта за Минск, метрополата на проруска Белорусија. Наместо на лекар, наводно авионската траса на Палчо е Белград Истанбул, Истанбул Минск.

Извор познат на редакцијата:

Палчо имал карта за Минск, па наводното лекување Белград Истанбул всушност се аеродромите од каде тој треба да стигне до Минск.

Тој имал работа во Минск поврзана со партијата и го планирал патувањето. Ова го знаат и луѓето блиски до него.

За официјална потврда во колку часот и на кој граничен премин Палчо ја напушта земјава, од Министерството за внатрешни, молк. Велат истрагата е во тек и во нареден период нема да објавуваат никакви детали.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: Алфа телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде