Калиопи скршена од болка по убиството на Вања: „Тага, горчина и срам, затоа што сите сме виновни…“

По повод трагичниот случај со убиената четиринаесетгодишна Вања Ѓорчевски се огласија бројни јавни личности од земјава и регионот, а тоа го стори и нашата Калиопи.

Пејачката прво сподели фотографија со симбол кој претставува ожалостеност, а потоа на друга фотографија напиша:

Тага, горчина и срам, затоа што сите сме виновни… Затоа што сме неми набљудувачи на ова грдо време кое дозволивме да стане агонија за нашите деца…

Прости ни девојче… Прости ни Вања. Сочувство до семејството. Се друго е молк“.

По седумдневна потрага по убиеното девојче, Обвинителството во неделата на 3 декември соопшти дека е пронајдено безживотното тело на Вања,

како и на 74-годишниот велешанец Панчо Жежовски, чие исчезнување било пријавено на 24 ноември. И двајцата биле убиени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде