Најчевска: Не смее да има смртна казна – еве и зошто

Експертот за човекови права Мирјана Најчевска по подолго време се огласи на социјалните мрежи со мислење дека не треба да се дава иницијатива за повторно воведување на смртна казна во Македонија.

Ова професорката одлучи да го образложи откако вчера стана касно дека Љупчо Палевски – Палчо ладнокрвно ја убил 14-годишната ученичка Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.

„Зошто не смее да има смртна казна?

1. Затоа што секогаш постои можност од грешка и во тој случај казната станува убиство.

2. Затоа што за различни групи луѓе има различни нешта заради кои би требало да се изрече смртна казна (за некого смртна казна треба да се изрече за сексуална ориентација, навреда на верата, навреда на власта, предавство, …).

3. Затоа што државата има легално право за употреба на сила и смртната казна би ја направило државата колективен убиец.

4. Затоа што државата со леснотија може да ја злоупотреби за заплашување и отстранување на секој противник на власта.

5. Затоа што податоците покажуваат дека државите во кои се применува немаат помалку туку повеќе насилство и убиства“, гласи постот на Најчевска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде