Нова трагедија го потресе Балканот: Тројца мртви во семејна расправија

Маж со пушка пукал во родителите на сопругата, се забарикадирал во нивниот дом, а потоа се самоубил во село во околината на Пловдив, јавуваат денеска бугарски медиуми.

Окружниот обвинител на Пловдив, Вања Христева изјави дека се работи за убиство на две лица, обид за убиство на трето и потоа – самоубиство.

Според неа, жртвите и насилникот биле во блиски семејни односи. Убиствата се случиле по семеен скандал, објасни таа.

Убиени се 61-годишен маж и неговата 57-годишна сопруга.

Сторителот бил на возраст од околу 40 години.

Убиецот пукал и го ранил и братот на сопругата од оружје за кое немал дозвола.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде