Тажна вест го потресе регионот: Почина легендарниот член на Бело Дугме

Почина Владо Правдиќ, легендарниот клавијатурист на Бело дугме, а Ален Исламовиќ му изрази сочувство на семејството: „Бевте чесен и добар човек“.

Во Сплит почина Владо Правдиќ, легендарниот клавијатурист на Бeло дугме. По повод оваа вест на социјалните мрежи се огласи и Ален Исламовиќ.

Пејачот изрази сочувство до семејството.

„Владо, да ти е лесна земјата. Бевте искрен и добар човек. Секогаш беше задоволство да се биде во ваше друштво. Искрено сочувство до вашите деца и семејството, каде и да се“, напиша Исламовиќ на социјалните мрежи.

Да потсетиме, Правдиќ почина во Сплит по битка со тешка болест. Музичката кариера ја започна во 1965 година во групата „Вокинс“, потоа свиреше со групата „Кост“ до 1970 година. Потоа следуваат „Амбасадори“, а потоа „Индекси“ од 1971 до 1973 година.

Потоа се спријателил со Горан Бреговиќ, со кого најпрвин настапувал во групата „Јутро“, а потоа го основале Бело дугме. Во есента 1976 година, на негово место доаѓа Лаза Ристовски, а две години подоцна повторно се враќа, за повторно да ја напушти музичката сцена во 1987 година. Тој му се приклучи на бендот во 2005 година на нивната проштална турнеја.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде