ТАЖНА ВЕСТ: Почина Галена Куцуловска, жена која ја создаваше и ја регистрираше македонската историја…

Завчера на 3-ти декември на 95 годишна возраст почина Галена Куцуловска, жена која ја создаваше и ја регистрираше македонската историја, објави expres.mk

Галена е родум од Галичник, каде го поминала детството, а на што посебно се гордееше и со љубов се сеќаваше.

Целиот свој работен век го поминала во Музејот на Македонија, како историчар, музеолог и кустос, информираат нејзини блиски.

Врв на нејзината научно истражувачка дејност во делот на историјата е нејзината соработка со академик генерал Михајло Апостолски, тогашен претседател на МАНУ.

Од таа блиска соработка се произлезени бројни дела, книги, реферати, трудови и соопштенија , во врска НОБ, АСНОМ, како и нивната поврзаност со идеалите на Илинденското востание.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор: Еxpres.mk

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде