ТЕЛМА објави: Лажна вест е дека Палевски откако го убил Панче направил селфи со неговиот внук и зет

На социјалните мрежи и интернет портали се шири селфи фотографија од Љупчо Палевски Палчо, главниот осомничен за убиството на 14 годишната Вања и 74 годишниот Панче, на која според објавените постови, покрај Палчо се и зетот и внукот на убиениот Панче Жежовски.

Згрозените граѓани коментираат дека фотографијата наводно е направена  откако Палчо прво ладнокрвно го убил Жежовски.

ДОПОЛНЕТО: По проверка од страна на тимот на Телма, утврдено е дека фотографијата не е оригинална туку е едитирана.

Станува збор за фотографија која е исечена (кропирана) од стара фотографија на Палевски од Велес.

Фотографијата е снимена на 30-ти март 2023-та кога собирал потписи за партиска иницијатива. Н

а фотографијата има повеќе луѓе, а двајца минуваат на пешачки премин. Не може да се утврди дали двете лица на пешачкиот премин се роднини на убиениот Панчо (исчезнат и убиен 8 месеци подоцна, на 22-ри ноември 2023.)

По проверката може да се заклучи дека содржината и инфото на фотографијата не се точни туку се лажни вести., објавија од Телма телевизија.

Во продолжение оригиналната фотографија од фб профилот на Палевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде