Запален автомобил во тетовско, полицијата го барале еден месец

Вчера во 9 часот на локалниот пат што ги поврзува тетовските села Мерово и Седларево, полициски службеници на СВР Тетово пронашле

целосно опожарено патничко моторно возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на 48-годишниот скопјанец С.Б., извести СВР Тетово.

Возилото било пријавено за одземено пред еден месец.

Извршен е увид и се расчистува случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде