Ќе има ли брза екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо од Турција?

Брза екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо од Турција очекува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски откако провосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски беше уапсен во Труција.

Постапката за екстрадиција треба да ја спорведе Министерството за правда кое треба да го испрати барањето и потребната документација до турските власти за тие да ја спроведат екстрадицијата на Палевски кој беше уапсен по меѓународната потреница која ја распиша македонсото МВР.

Доцна синоќа Спасовски официјално објави дека Палевски е приведен во турскиот град Баликесир. Бил уапсен на автопат.

За Палевски веќе има одредено мрека притвор од 30 дена. Истата мерка им е одредена и на другите четоврица осмничени. Поднесени се кривични пријави за две свирепи убиства.

30-дневен притвор му е одреден и на тактото на Вања, Александар Ѓуречевски кој е осмничен дека ги дал клучните информации за движењето на девојчето.

Министерот за правда Кренар Лога, изјави дека со почетокот на работното време на Министерството, почнува и постапка за екстрадиција на Љупчо Палевски – Палчо, првоосомничен за двојно убиство на 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

„Со почетокот на работното време, започнува и постапка за екстрадиција на лицето“, изјави Лога за ТВ21.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде