Детална реконструкција на движењето на монструмот Палевски: Ja убил Вања, па преноќил во хотел во Белград, крајната дестинација ја изненадила полицијата

Љупчо Палевски Палчо, кој е осомничен за киднапирањето и убиството на скопјанката Вања Г.(14) е уапсен во Турција. Како што откри турската полиција, Палчо се наоѓа во близина на автопатот во градот Баликесир. Ова е целосна реконструкција на движењето на убиецот на Вања од Македонија во Турција.

По убиствата на Вања (14) и фризерoт Панче Жежовски, Палевски побегнал во Белград. Адвокатот на Палчо го однел во Србија со неговата Шкода Суперб и го оставил во хотелот. Таму ја поминува ноќта. Оттаму утредента дошол да го земе Стефан Д., кој преку граничниот премин Градина со џип „Ренџ Ровер“ го однел во Бугарија. Според министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски, Палевски со возачот побегнал од Бугарија во Турција.

Дестинација – градот Баликесир на запад од Турција. Токму Стефан Д., кој беше уапсен на враќање во Северна Македонија, го откри планот за движење на Палевски. Така турската полиција веднаш реагирала и го уапсила покрај автопатот во Баликесир, од каде планирал да побегне во Истанбул.

„Македонското Министерство е во контакт со полицијата во Турција, како и со нивните оперативци. Ни потврдија дека Палевски е пронајден во Баликесир и дека сакал да оди во Истанбул. Чекаше такси да го однесе, но полицијата го уапси додека се движеше по еден од автопатите кај Баликесир“, рече Спасовски.

Полицијата го уапсила Палевски додека се движел во близина на автопатот во Баликесир. Наводно чекал такси за да оди во Истанбул. Баликесир, главниот град на истоимената административна област во западна Турција, се наоѓа на оддалеченост од околу 280 километри од најголемиот турски град Истанбул.

Баликесир има околу 330.000 жители, истоимената провинција е свртена кон Мраморното и Егејското Море и се граничи со провинциите Бурса и Чанаккале, а се наоѓа помеѓу градовите Измир и Бурса. Палевски сега ќе биде екстрадиран во Македонија, каде веднаш ќе оди во притвор.

Да потсетиме, Вања Г. беше киднапирана на 27 ноември пред зградата во која живеела, кога наутро одела на училиште. Неколку часа подоцна таа беше убиена. Истрагата покажала дека мотивот за киднапирањето бил личен интерес. Истрагата се води и против нејзиниот татко Александар, за кого полицијата тврди дека на киднаперите им дал информации за неговата ќерка и нејзиното движење. Целта била да изнуди пари од поранешната сопруга и мајка на Вања.

Телото на тинејџерката е пронајдено во неделата на 3 декември во околината на Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде