Државата ќе им плаќа половина превоз на вработените во администрацијата

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека државата ќе импокрива половина од трошоците за превоз на вработените во јавната администрација.

Ова денеска било донесено на владината седница, на која било решено да се интервенира во Законот за административни службеници.

„Со новите измени и дополнувања на Законот за административни службеници кои ги изгласавме на денешната седница на Владата,

се предвидува покривање на патните трошоци од местото на живеење до рабoтното место и обратно за државната администрација во висина од 50 отсто од месечната карта за транспорт, доколку местото на работа е оддалечено 2,5 километри од местото на живеење.

Со ова законско решение имаме за цел да им помогнеме на административните службеници преку олеснување на товарот на трошоците за транспорт и да придонесеме за континуирано подобрување на животниот стандард“, напиша Груби на социјалните мрежи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде