Порталикс објави снимки од надзорни камери кои точно покажуваат кога и како жртвата заврши во Бразда и точното време кога е опожарено возилото

Порталот Порталикс објави снимки од надзорни камери кои точно покажуваат кога и како жртвата заврши во Бразда и точното време кога е опожарено возилото.

Во 07-55 двете возила кои го извршиле грабнувањето и убиството на Вања поминуваат низ улицата број 1 во Визбегово.

Анализирајки ги снимките се забележува дека во возилото Цитроен каде што се сомничи дека била Вања, освен шоферот има уште еден човек на совозачкото место.

Двајцата носат црни капи. А задниот дел на возилото е празен.

Друг битен детал забележуваме во багажникот на возилото. Бел објект кој наликува на вреќа.

9-37 часот возилото е запалено. Чадот доаѓа недалеку од местото каде е закопано телото на Вања.

Останува да се објасни како и кога е убиена 14-годишната Вања, се вели во видеото на Порталикс.

Видеото погледнете го во продолжение.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде