Порталот Порталикс објави снимки од надзорни камери кои точно покажуваат кога и како жртвата заврши во Бразда и точното време кога е опожарено возилото.
Во 07-55 двете возила кои го извршиле грабнувањето и убиството на Вања поминуваат низ улицата број 1 во Визбегово.
Анализирајки ги снимките се забележува дека во возилото Цитроен каде што се сомничи дека била Вања, освен шоферот има уште еден човек на совозачкото место.
Двајцата носат црни капи. А задниот дел на возилото е празен.
Друг битен детал забележуваме во багажникот на возилото. Бел објект кој наликува на вреќа.
9-37 часот возилото е запалено. Чадот доаѓа недалеку од местото каде е закопано телото на Вања.
Останува да се објасни како и кога е убиена 14-годишната Вања, се вели во видеото на Порталикс.
Видеото погледнете го во продолжение.