Страотна сообраќајна несреќа: Две лица тешко повредени

Вчера околу 14.00 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Брегалничка“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“,

управувано од С.Т.(78) од Штип и товарно возило „ман“, управувано од Д.Н.(64) од Пробиштип, двете со штипски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешки телесни пореди се здобиле возачот на возилото „пежо“ и неговата сопатничка Ц.Т.(77) од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип, соопшти полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде