Мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска заедно со помалата ќерка од пред некој ден се наоѓаат на една од скопските клиники, објави порталот 24 инфо.
,,Имам хронична болест, но се држам. Важно ми е само да ја дознаам вистината. Другата ќерка е болна, сите се надеваме дека ќе биде добро. Ништо не знам, мене сето ова ми е нереално” изјави Ѓорчевска.
– Во текот на денот се обидовме да стапиме во контакт со Зорица, но безуспешно.
24инфо.мк ја знае конкретната клиника на која се сместени мајката и ќерката Ѓорчевски, но водејќи се од морални принципи истата нема да ја објави, со надеж дека брзо ќе се справат со здравствените потешкотии, објави порталот.