„Куќата сериозно се затресе“: Земјотрес утрово ја стресе Србија

По повторното толкување на податоците, Републичкиот сеизмолошки завод на Србија соопшти дека утринава земјотресот регистриран во 4 часот и 45 минути во областа Петровац на Млава, 12 километри југоисточно од тоа место, бил со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала, јави Танјуг.

Овој земјотрес автоматски е евидентиран со јачина од 4,1 Рихтер, за да се добијат конечните податоци со понатамошна обработка, по вклучување на друга локална мерна станица.

На земјотресот му претходеа послаби земјотреси во изминатите неколку дена, а следеше уште еден во 5 часот и 3 минути, кој беше автоматски евидентиран, а неговата магнитуда изнесуваше 2,4 степени според Рихтеровата скала.

Како што наведуваат од РСЗ, теоретскиот интензитет во епицентарот бил проценет на V-VI степени од Меркалиевата скала, а земјотресите со овој интензитет може да предизвикаат помали оштетувања на објектите во епицентралното подрачје.

„О, Боже, дали е пак земјотрес! Ме разбуди нов и посилен земјотрес во Оресковица кај Петровац на Млава околу 4 часот и 45 минути. Куќата сериозно се затресе“, стои во објава на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде