Огнен Јанески вечерва со порака до сите кои патуваат: Ако немате потреба да возите на потегот Прилеп-Ресен, ич не одете

Ако немате потреба да возите на потегот Прилеп-Ресен, ич не одете. Особено Битола-Ресен.

Ѓавато е цело завеано, снегот е толку интензивен, што дури и службите не можат да постигнат чистејќи, а вистина низ цела Пелагонија и целиот потег до Ресен го чистат неколку возила.

Пелагонија одамна не сум ја видел под снежна покривка.

Полицијата ги запира тешките товарни возила, а тие кои веќе се на потегот, се или застанати – или се движат исклучително бавно, додека зад нив одат возила кои алармираат за застој.

Баш изненадувачки дека се чувствував како да возам низ нормална држава.

Добро, освен состојбата на патиштата, тоа е бедотија од посебни размери, што секој пат кога доаѓам од странска држава, се срамам од тоа.

А, се срамам и од кретенски шофери кои претекнуваат низ снежни вијулици, со комбиња, возејќи брзо.

Фејсбук пост на Огнен Јанески

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде