ПОЛИЦИЈАТА СО НАЈНОВА ВЕСТ: Велешанецот кој беше пријавен за исчезнат загинал во сообраќајна несреќа

Полицијата извести дека на автопатот Скопје-Велес, денеска околу 14.45 часот било пронајдено излетано возило „форд фокус”.

Во несреќата, починал возачот П.Д.(59) од Велес, кој вчера од неговиот внук бил пријавил дека се оддалечил од домот.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Велес, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде