Малолетно девојче е удрено вечерва од возило на булевар „Србија“,
кај бензинската станица „Лукоил“, во Општина Аеродром.
Девојчето е пренесена во болница, а екипи на МВР вршат увид на местото на несреќата.
Од МВР за МИА велат дека увидот уште не е завршен и дека дополнителни информации ќе има по неговото завршување.