Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози.
Снег врне во Крушево, Прилеп, Плетвар и Пресека, каде што има и магла со видливост до 30 метри.
Врнежи со послаб интезитет имаме на Попова Шапка, Маврово, Стража, Страцин, Македонски Брод, Буково и Ѓавато, соопшти ЈП Македонијапат.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.