Светлана Николоска, професорка на факултетот за безбедност, синоќа гостуваше во „Клик Плус“ на ТВ21 каде зборуваше за грозоморното убиство на Вања и на Панче, кое ја потресе јавноста.
„Палевски во Србија барал помош од Македонија, од свои пријатели. И сам е свесен дека се следат неговите телефони, и не се осудил со авион да замине во Турција.
Кога дошол во Турција веќе знаел дека се трага по него, тргнал со такси кон Истанбул, и многу е симптоматично тоа што се враќал назад пешки.
Човекот знаел дека ќе биде фатен, и во тие мигови не знае што со себе. Може имал намера да го собере некој по автопат. Имало случаи во кои имало прво убиство, па веднаш потоа самоубиство.
Затоа во вакви случаи каде што имате жив убиец, се прави психоанализа, и што придонело кон тоа тој да стане убиец.
Кажано отворено, што му згрешила Вања за да посегне по нејзиниот живот“, изјави Николоска.