Подрумот во зградата каде живеела Вања Ѓорчевска бил искористен при нејзиното киднапирање.
Таму таа била врзана, по што била ставена во вреќа за спиење, и изнесена од зградата, потврдуваат за ТВ 24 извори од истрагата.
Оваа информација го објаснува нејзиното незабележано грабнување од зградата која се наоѓа во непосредна близина на Градскиот парк и во чија околина има многу угостителски објекти, а со самото тоа и зголемена фрекфенција на луѓе, дури и во раните утрински часови.
Клуч од подрумските простории, како и од влезната врата имал и првоосомничениот Љупчо Палевски, кој поседувал и имот во истата зграда.
Како што е веќе познато, зградата е изградена од компанијата Уна Ентерпрајз, чиј сопственик бил Палевски.
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Во продолжение прилогот на Тв24.