Екстрадиција на Љупчо Палевски-Палчо, главниот осомничен за убиството на Вања Горчевска и Панче Жежовски може да биде за три месеци, пишува Телеграф.
Како што е наведено, станува збор за проценка заснована на процедурите во Турција, како и на методите на одлучување.
Практиката на Министерството за правда на Македонија покажува дека досега не се случило Турција да одбие да екстрадира лице осомничено за кривично дело или осуден криминалец.
Има два филтри. Прво одлучува Судот за тешки кривични дела, а потоа Министерскиот совет по барање на Министерството за правда. Ако судот одобри, Палчо може да поднесе жалба. Процесот продолжува во Советот на министри.
Но, не се цени само одговорноста на Палчо во случаите со киднапирањето и убиството на Вања Горчевска и Панче Жежовски, туку и политичкиот дел. Ако каже дека го гонат за политички дисидент, тоа ќе го разгледаат турските власти.
Македонија и Турција имаат билатерален договор.
Палчо е уапсен на автопат во Турција. Додека бил таму контактирал со луѓе од Македонија. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интерес на истрагата не откри со кого.
Извор: Телеграф.рс