Непознато лице напаѓа граѓани кои случајно ќе ги затекне во Ченто, јавува „Скопје1“.
На објавеното видео се гледа како непознатото лице удира повозрасен човек, па потоа го турка.
Според информациите, и претходно имало вакви случаи од истото лице.
„На 7.12 2023г. во 14:30ч.бевме нападнати јас и мојата колешка пред аптеката Зегин, на пазарчето во Ченто. Откако лицето неразбирливо се обраќаше кон нас (очигледно психолошки нестабилно) влеговме во автомобилот и тогаш почна со боксови да мава во стаклото со цел да го скрши и да ме удри.
Среќа што се заклучивме од внатре па не успеа да отвори врата. Во меѓувреме од пазарот сите само посматраа без некој да помогне иако истиот тој човек бил познат за нив и цел ден ги малтретирал.
Му реков дека ќе викнам полиција и извадив телефон и тогаш тој избега. Истиот тој денес (07.12) на автобуската станица кај паркчето М.А.Ченто одеднаш физички нападна човек што чекаше автобус.
Се обидов да го следам за да знам кого и каде да пријавам во полиција но не видов дали се качи во 55-ка или 65в бидејќи се изгуби во гужвата Внимавајте не бира кого напаѓа“, стои во сведоштвото објавено од порталот.