ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Овој патен правец е затворен за сообраќај поради сообраќајна несреќа

Поради сообраќајна незгода од 17:30 часот затворен за сообраќај е експресниот пат Штип – Радовиш.

Сообраќајот се одвива по стариот пат, информираат од Авто-мото сојуз на Македонија.

Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ФОТО: ИЛУСТРАЦИЈА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде