ЕДНО ЛИЦЕ ЗАСТРЕЛАНО: Расправија, тепачка, па пукање – едно лице е застрелано во инцидент во кафана во Србија

Пукање се случило во кафана во Нови Сад, јавуваат српските медиуми.

Според информациите, настанот бил 2 часа по полноќ, а на пукањето му претходела расправија.

„Нешто после 02:00 часот дошло до пукање во кафана на патот Футошка во Нови Сад. Според неофицијални информации, на пукањето и претходела расправија и тепачка.

Напаѓачите по извесно време се вратиле и застрелале млад човек , засега непознато, со истрели од пиштол.

Полицијата врши увид на лице место.Засега не е позната состојбата на застреланиот“, објави Инстаграм страната 192_rs.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде