ЛАТАС: И јас уплатив стан кај Палчо, во Тифани, 10.000 долари, но брзо се повлеков, кога видов дека сум трет на списокот за истиот стан

Новинарот Драган Павловиќ Латас, вчера гостуваше на телевизиската емисија на Богдан Илиевски, каде рече дека веста за тоа дека Љупчо Палевски е главниот осомничен, ја дознал од полициски извори.

Латас се потсети дека едно време и тој уплатил за стан од градежната компанја на Палевски, но бргу сфатил дека станува збор за измама. 

„И јас уплатив стан кај Палчо, во Тифани, 10.000 долари, но брзо се повлеков, кога видов дека сум трет на списокот за истиот стан.

Не сакаше да ми ги врати парите, по што го тужев и го добив на суд, по што повторно не ми ги врати парите. Ми даваше некоја камера, бетон ми даваше за замена. Потоа се фиксираше и за мене, како и за неколку други“, се потсети Латас.

Тој во емисијата укажа на многу, според него, нелогичности, во водењето на истрагата за пронаоѓањето на малата Вања.

„Знаев дека е лудак, но вако нешто од него не очекував“, рече новинарот во разговорот со Илиевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде