МВР ги демантира дезинформациите во врска со денешна објава на портали и социјални мрежи проследена со видео запис според која машко лице агресивно се однесува наводно кон случајни минувачи без повод и причина и тепа луѓе по улиците на Скопје.
Од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба преземени се оперативни мерки и случајот е расчистен, а лицето е пронајдено и со него е извршен службен разговор.
Имено, станува збор за Љ.С.(57) од Скопје, со престојувалиште во скопско село, кој појаснил дека инцидентот кој го направил, односно на кој е снимен и објавен на портали и социјални мрежи бил насочен исклучиво кон неговиот познаник А.Д.(51), од скопско, со кого имаат нарушени пријателски односи, при што немал намера да го нападне, туку само го турнал и влечел.
Исто така, извршен е разговор и со А.Д., кој го потврдил исказот на познаникот и изјавил дека малку подоцна меѓусебниот проблем го надминале и се смириле.
Од страна на Полициска станица Гази Баба против Љ.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МВР уште еднаш со апел кон порталите да не шират дезинформации, а кон граѓаните сите случаи на нарушување на јавниот ред и мир и сомненија за криминогено однесување да го пријават во полициска станица