Османи: Следна цел на ДУИ е Албанец претседател на државата

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, во изјава за медиумите рече дека изборот на Џафери за технички премиер е историски оти за првпат се скршени етничките табуа и монополи, каде ниту една етничка група не е пофаворизирана од друга.

Според Османи, во наредните години ќе го имаме и првиот претседател Албанец.

„Одлуката за избор на Талат Џафери за албански премиер беше едногласна, освен еден член кој предложи првиот премиер да биде женски. Она што е историско е рушењето на етничките монополи.

Кога Талат Џафери беше избран за претседател на Собранието, се направи вистински пуч. Но, кога беше избран по втор пат, тоа веќе не беше новост бидејќи беше скршен монополот на Албанец да биде претседател на Собранието.

Идејата е да се разбијат етничките монополи. Вториот премиер повеќе нема да биде тема. Вториот монопол е на претседателот на државата, но тоа е следната мисија на ДУИ“, вели Османи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде