Возилото е клучно за МВР да дојде до сознанието дека исчезнувањето на велешанецот Панче Жежовски на Вања се поврзани.
По неговото опожарување, осомничените, според сознанија на ТЕЛМА и КОД, повторно се вратиле по истиот пат преку Бразда накај Горно Оризари.
Но, не влегле во селото, туку продолжиле по импровизиран пат. Таму се упатиле со една цел, да го закопаат телото на Вања.
Видливо е и неодамнешното присуство на луѓе тука. Има свежи отпушоци од цигари, отпечатоци од кондури, а и отпадоци со рок на траење до 15 декември кои докажуваат дека група на луѓе била присутна на местото.
Два пиштоли се најдени. Се уште не се знае дали се поврзани со убиствата. Од Палевски на 5 мај годинава во непосредна близина на тунели Демир Капија-Јаворица е одземен пиштол Валтер калибар 9 мм, кој го носел без дозвола.
Тогаш тој според записникот на полицијата бил во друштво со останатите тројца осомничени.
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Извор: Телма/КОД