Новинарот на емисијата Заспиј ако можеш на Алфа ТВ Горан Момироски поставува нови прашања до министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и шефот на Скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски за детали кои можат да ги расветлат сите аспекти на грозоморното убиство на Вања Ѓорчевска.
1. Кое е возилото кое три дена пред грабнувањето било пред зградата на Вања?
2. Кои се луѓето кои биле во возилото кое на 24 ноември стоело пред зградата на Вања?
3. Зошто началникот на СВР Велес не покренал истага за возилото на Панче Жежовски?
4. Кое е возилото кое пред убиството слободно се возело низ Скопје за време на Конференцијата на ОБСЕ?
5. Кое е возилото кое во саботата вечер, два дена пред убиството се возело низ Скопје?
6. Како Палевски бега од најобезбедуваниот град во Европа, три дена по убиството?