Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.12/2023 за долгови доспеани до 31.08.2023 и неплатени до 30.11.2023 година по основ на ДДВ,
данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.12/2023 објавени се 1832 должници – правни лица (повеќе за 17 од претходната листа) и 3643 физички лица (помалку за 30 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.12/2023 изнесува 9.057.552.829 денари, (помалку за 9.536.125 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 8.850.083.544денари, (помалку за 50.205.117 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 207.469.285 денари (повеќе за 40.668.992 денари од претходната листа).
Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.