Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови непречено, пo наместа влажни коловози.
Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, Ресен, Крушево, Буково, Ѓавато и Пресека.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка, Ресен, Крушево, Буково, Ѓавато и Пресека.
Од утре ќе биде изменет режимот на сообраќај на магистралниот пат A3, делница Прилеп-Битола поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот.
Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно одобрен сообраќаен проект. Се замолуваат сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат поставената времена сообраќајна сигнализација и да се прилагодат кон условите на патот.
Времениот режим на сообраќај е со важност од шест месеци, односно се до завршување на градежните работи.Започнувајќи од 5 декември изменет режим на сообраќај има на државниот пат A2, делница Тетово-Гостивар во двата правци на движење поради изведување на геотехнички истражувања на коловозот.