ВМРО-ДПМНЕ излезе со нови информации, МВР се должни да одговорат: „Ситроенот“ е забележан на камери кобниот ден во 7:42 наутро кај Александар Палас и Злокуќани

Системот „Безбеден Град” го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања на 24 и 25 ноември во Маџари и на 27 ноември на најобезбедуваната локација кај хотелот Александар Палас, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ.

Оливер Спасовски е должен да и одговори на македонската јавност зошто на 4 декември за време на неговата прес-конференција,

излажа дека возилото на Панче со кое е киднапирана Вања, не било регистрирано во системот на камери „Безбеден Град” пред 27 ноември, односно пред денот на убиството.

Неколку дена по ред го прашуваме министерот Спасовски, а истиот одбива да одговори за очигледниот и фатален пропуст на МВР чија последица е киднапирањето и убиството на девојчето Вања.

Јавно го прашуваме министерот Спасовски дали возилото е регистрирано на камерите пред 27 ноември, односно на 24 ноември во 6:30 на влезот во Скопје кај Маџари на мостот кај Агросервис?

Понатаму, дали возилото е забележано од камерите на „Безбеден Град” на истата локација и следниот ден, на 25 ноември во 21:15 часот?

Конечно, дали возилото е забележано на камерите кобниот ден на 27 ноември во 7:42 наутро кај Александар Палас и Злокуќани и како е можно да тоа возило неконтролирано да помине низ најобезбедуваната локација во Македонија во тој момент, а можеби и во регионот поради непосредните подготовки на Советот на ОБСЕ, велат оттаму.

Бараат одговори како е можно возило кое е пријавено дека е исчезнато 5 дена пред киднапирањето на Вања, да помине покрај 40 камери на „Безбеден Град” , Министерството за одбрана и на други субјекти.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде