Платите на функционерите ќе скокнат за плус 400 евра

Функционерите од следната година ќе добијат повисоки плати за 300 до 500 евра велат од Конфедерацијата на синдикални организации, потенцираат дека работникот ќе добива само трошки од целиот колач.

Постои нефер практика кога се во прашање платите на функционерите и работниците од јавниот сектор кој се пак клучната карика во државата, вели економскиот аналитичар, Абил Бауш.

Според Бауш, несразмерниот потег се огледа во тоа што функционерите си пресметуваат повисоки плати според една методологија, додека за работникот според друга методологија која продуцира револт.

Од друга страна се заборава дека со ваквите постапки функционерите свесно ќе продуцираат повисока инфлаација.

Со следното зголемување, функционерите ќе земаат до 400 евра повисоки плати. Шефот на државата, следната година ќе зема околу 190.000 денари плата, премиерот Димитар Ковачевски 180.000, а пратениците над 122.000 денари.

Повисоки плати бараат вработените во повеќе сектори, но и пензионерите бараат повисоки пензии. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде