Таткото на убиената 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје, Александар Ѓорчевски, кој е осомничен за нејзиното грабнување и за соучество во убиство, и моментално е во притвор,
наводно прашувал дали камерите го фатиле автомобилот со кој бше киднапирана, раскажуваат станари од зградата каде живееше Вања за Пинк.рс.
– Тој ја обожаваше, се грижеше за девојчињата и не работеше до нивната десетгодишна возраст, па приказната дека им дал информации на киднаперите едноставно звучи неверојатно.
Меѓутоа, денот откако исчезнала, наводно прашал дали камерите го фатиле автомобилот во кој била киднапирана, велат тие за Пинк.рс.
Таткото на Вања и нејзината мајка Зорица Ѓорчевска неколку години се разведени, но поради децата тој често престојувал во нивниот дом.