Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања, чие убиство го шокираше регионот, осум дена откако нејзината ќерка беше пронајдена мртва, ги избриша профилната и насловната фотографија и објави црни позадини.
Таа ја избриша и објавата во која додека се веруваше дека Вања е жива, објави апел за помош во потрагата по ќерката со сите релевантни информации.
За жал, на 3 декември полицијата соопшти дека Вања е пронајдена мртва.
Подоцна МВР објави дека Вања била убиена истиот ден кога била киднапирана.
За нејзиното киднапирање и убиство се уапсени пет лица. Како организатор и извршител е осомничен Љупчо Палевски – Палчо.
Тој е уапсен во Турција, а постапката за негова екстрадиција е во тек, по барање на властите во Македонија.
Таткото на Вања, Александар е меѓу осомничените во притвор.