ТРАГЕДИЈА: Ловџија по грешка застрелал и убил човек

Полицијата го приведе Д.С. (56) од Кичево. Тој се сомничи дека околу 14 часот во шумски појас во атарот на кичевското село Бигор Доленци, при лов,

од ловечка пушка испукал патрон и го погодил Д.Ј. (40) од истото село, по што Д.Ј. починал.

Увид на местото извршија јавен обвинител, медицински и полициски екипи, а врз телото на починатиот е извршена обдукција.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде