Уште една трагедија на македонските патишта: Едно лице го загуби животот во тешка несреќа
Пешак од Нов Дојран го загуби животот откако во него удрило патничко возило „шевролет“ на главната улица во Нов Дојран.
-Патничко возило „шевролет“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.Г.(26) од Гевгелија, вчера во 21:10 часот на улицата „Маршал Тито“ во Нов Дојран удрило во пешакот Д.Ѓ.(48) од Нов Дојран.
Тој починал на местото на несреќата, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, соопшти МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Гевгелија