ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Три лица, меѓу кои и седумгодишно девојче, загинаа синоќа во пожар во станбена зграда во Литкарин крај Москва

Три лица, меѓу кои и седумгодишно девојче, загинаа синоќа во пожар во станбена зграда во Литкарин крај Москва, соопшти Обвинителството на Московскиот регион.

„Според првичните информации, ноќта помеѓу 12 и 13 декември избувнал пожар во стан лоциран на првиот кат од станбена зграда на улицата Првомајска.

Во инцидентот загинале три лица, меѓу кои и девојче родено 2016 година, се наведува во извештајот на обвинителството.

Истрагата е во тек, а причината за пожарот засега не е позната.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде